Со голема чест и задоволство објавуваме дека Ideal Sport е официјално прифатен во SHOT Clubhouse Global Goals Grant Programme, како дел од глобалната заложба на SHOT Clubhouse кон Football for the Goals – иницијатива на Обединетите нации која преку фудбалот ги поддржува Целите за одржлив развој.

Ова претставува значајно меѓународно признание за работата на Ideal Sport и воедно отвора нови можности за развој на македонскиот младински фудбал.

Што значи ова за фудбалските клубови?

Како официјален носител ИДЕАЛ СПОРТ ќе овозможи партнерските клубови кои се дел од нашите развојни програми да добијат пристап до платформата SHOT Clubhouse, која претставува современ дигитален систем за организација, едукација и развој на фудбалот.

Во првата фаза, преку грантот ќе бидат обезбедени до 600 бесплатни лиценци за клубови, тренери и играчи.

Клубовите ќе добијат современа платформа која ќе им помогне во организацијата, комуникацијата, развојот на младинските категории и подобрувањето на секојдневната работа. Преку оваа соработка ќе се создаде единствена мрежа на клубови кои ќе работат според современи принципи и ќе имаат пристап до меѓународно искуство и знаење.

Што ќе добијат тренерите?

Тренерите ќе добијат пристап до современи едукативни материјали, можности за професионално усовршување, подобро планирање и организација на тренажниот процес, како и дигитални алатки кои ќе им помогнат полесно да го следат и развиваат напредокот на своите играчи.

Што ќе добијат играчите?

Играчите ќе имаат можност да бидат дел од современа развојна програма, да го следат сопствениот напредок, да добиваат структурирани насоки за својот фудбалски развој и да учат во средина која ги следи најновите светски стандарди во младинскиот фудбал.

Нашите следни чекори

Во наредниот период тимот на ИДЕАЛ СПОРТ детално ќе се запознае со сите функционалности на платформата, со цел нејзината имплементација да биде професионална и успешна. Поради летната пауза на клубовите, официјалното вклучување во програмата се очекува да започне во текот на средината на август, кога ќе бидат организирани презентации и обуки за заинтересираните клубови и тренери.

Ова е само почеток на едно ново поглавје за развојот на младинскиот фудбал во Македонија.

Искрено им благодариме на SHOT Clubhouse за довербата и поддршката. Убедени сме дека преку ова партнерство ќе создадеме нови можности за нашите клубови, тренери, фудбалски работници и пред се, за младите фудбалери.

Заедно го развиваме фудбалот. Заедно создаваме подобра иднина за младите генерации.

#IdealSport #SHOTClubhouse #FootballForTheGoals #UnitedNations #YouthFootball #CoachDevelopment #PlayerDevelopment #FootballEducation


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *