Американско-македонската компанија Даскал се приклучува како поддржувач на проектот „Навивај Коректно“, давајќи силна поддршка на иницијативата за промовирање на фер-плеј, спортска култура и позитивно навивање.

Водена од својот препознатлив слоган „Building for a Solid Future“, Даскал не гради само објекти и инфраструктура, туку придонесува и во создавање подобра иднина за младите генерации. Преку поддршката на проектот „Навивај Коректно“, компанијата ја потврдува својата посветеност кон општествено одговорни активности и иницијативи кои имаат позитивно влијание врз децата, спортот и заедницата.

Проектот „Навивај Коректно“ продолжува да ја гради својата мисија за создавање спортска средина базирана на почит, фер игра и вистински вредности, а вклучувањето на Даскал претставува значаен чекор во таа насока.

„Поддршката од компании како Даскал е доказ дека идејата за коректно навивање и здрав спортски дух добива се поголема препознатливост и значење. Заедно градиме генерации кои ќе знаат да навиваат со почит, без разлика на резултатот.“ Да изградиме позитивна средина за нашите деца!

Заедно градиме цврсти темели  за спортска култура заснована на почит, одговорност и позитивни вредности.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *